Антикорупциска: Обложувалници користеле податоци на граѓани како добитници без тие да знаат

Државната комисија за спречување на корупција открила злоупотреба на лични податоци и сомнежи за перење пари од страна на обложувалници.

До вакви индиции е дојдено при проверки на имотно-правна состојба на избрани и именувани функционери и вистинитоста на доставените податоци.

Со првичната проверка регистрирале околу 40.000 евра кои биле ставени на даночните пријави на граѓани, без тие да знаат за тоа. Тие откриле случај за сомнеж на злоупотреба на личните податоци на граѓаните од спортските обложувалници и индиција за сомнеж за можно перење на пари.

За ова се известени МВР, Финансиската полиција, Финансиското разузнавање, Управата за јавни приходи за да ги проверат сомневањата за можни финансиски малверзации од страна на обложувалниците.

Од финансиската полиција ги известиле дека и голем број граѓани пријавиле вакви случаи кои ги истражуваат.

Проблемот на кој посочуваат од ДКСК е што не постои регулатива за пропишан систем за евиденција на играчи, односно нема можност да се контролира исплатата во кеш, бидејќи таа им се исплаќа на рака, а не на трансакциска сметка.

 

Претходна вестГерила – акција на Кејот: ВМРО-ДПМНЕ исцрта над 4.000 срца во спомен на жртвите од ковид
Следна вестКај 33-годишен скопјанец пронајдени предмети украдени од возило