МВР на територијата на град Скопјe казни 129 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31, 6 санкции за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила и една за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се 4 санкции за користење мобилен телефон, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет санкции за возачи на мотоцикли и 46 санкции за непрописно паркирани возила.

Содржината продолжува после огласот

Експерти за новиот органски производ: „Произведен е во САД, а САД потрошија 1,3 милиони за да го развијат затоа што …“
Sponosored by MonadPlug
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Заеви да одговорат дали е нивно комбето фатено со дрога од 800 илјади евра
Следна вестОсумнаесетгодишник обљубил тинејџерка