Трајче Заев се јави од Дубаи – демантира каква било врска на семејните фирми со запленетата дрога

Трајче Заев, братучед на премиерот, Зоран Заев, ги отфрла обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на МВР во која беше запленета голема количина на марихуана.

-Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниту еден од уапсените не е вработен во ниту една фирма на Заеви. Јас сум на службено патување од 23. март во Обединетите Арапски Емирати, напиша тој на својот фејсбук-профил, откако ВМРО-ДПМНЕ јавно ги прозва Заеви да кажат дали се вмешани во аферата.

Токму Трајче Заев беше посочен како член на фамилијата Заеви, чиј возач наводно е уапсен во акцијата.

Претходно денеска, ВМРО-ДПМНЕ  изрази сомневање дека Трајче Заев избегал во Дубаи.

Заев пак тврди дека ВМРО-ДПМНЕ заради сопствени политички цели се обидува да го извалка неговото име и името на компаниите во сопственост на Заеви.

 

 

Претходна вестБројот на пациенти со ковид во болниците е 1.699, нови 65 во Скопје
Следна вестМилошоски: И припадник на ИСИС имал еден од македонските пасоши со туѓ идентитет