На многу скопски сообраќајници има многу дупки. По зимскиот период на старите им се придружија и новите па така слободно може да се отвори и натпревар за најопасна, за најдлабока, најстара дупка во градот.
Таква голема, стара и опасна постои одамна на патот кон населбата Усје, веднаш откако ќе се сврти на десно од главниот булевар „Борис Трајковски“ во Кисела Вода. За жал, оваа дупка не е единствена коа постои на овој дел од патот. Малку понапред има уште една и мора да се отворат „четири“ очи на овој пат. Опасноста да се налета на нив и оштети возилото е секојдневна, посебно за возачите кои по првпат поминуваат по оваа улица.
Додека на надлежните да им текне да ги поправат дупките ќе се меѓу фаворитите за награда. А надлежните за поправка за што се фаворити ќе кажат граѓаните наскоро на избори.