Пресуди за „Трезор“: За Мијалков уште 8 години затвор, за Грујевски 15, за Јакимовски уште 6

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е осуден на 8 години затвор,  поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски на 5, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ исто така на 5, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски на 15 години казна затвор за за незаконска набавка на британската прислушна опрема за УБК, случај познат како „Трезор“.

Освен јакимовски, сите се осудени за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Јакимовски за помагање.

Од фирмата „Финзи“ се конфискува имотната корист остварена од кривичното дело во висина од 838 106 денари и 145 619 евра од девизна сметка плус возила…

Тројца од поранешните функционери во УБК, кои се гонеа во „Трезор“, пред помалку од два месеци добија затворски казни во предметот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува на нелегалното масовно прислушување во земјава од 2008 до 2015, како и на уништување на опремата за прислушување со цел прикривање на докази. Оваа пресуда сè уште не е правосилна, со оглед дека за поднесените жалби треба да се изјасни и Апелацискиот суд во Скопје.

Таму, Мијалков доби 12 години затвор за делата: злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и примање награда за противзаконито влијание. Последното дело веќе му застаре, па доколку Апелација потврди дека тој е виновен, казната ќе му се намали поради застарувањето.

Горан Грујевски, пак, доби 15 години затвор за повеќе дела, како: злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување службена исправа.

Тони Јакимовски со првостепената пресуда е осуден на 6 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување службена исправа.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ ги повлече сите амандмани на законот за државјанство – отворен патот за антикризните закони
Следна вестЕУ пушти срце: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини и за граѓаните од трети земји