СДСМ: Градоначалникот е виновен што во Сопиште нема вода за пиење

Иако се на само неколку километри од главниот град, жителитe на општина Сопиште немаат вода за пиење.

За ваквата состојба според владејачкиот СДСМ е виновна е локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Стефче Трпковски.

Далибор Богдановски од владејачката партија вели дека за решавање на овој проблем недостига еден документ кој градоначалникот бил должен да го приложи до Владата, но тој тоа не го сторил.

-Владата со средства од државниот буџет, ќе продолжи со изградба на водоводот Патишка река, кој претставува трајно решавање на водоснабдувањето во општина Сопиште. Одговорно тврдам дека Владата има обезбедено финансиски средства за реализација на овој проект од круцијална важност за жителите на општина Сопиште, рече Бодгановски.

Во моментов сликата за Сопиште во 21 век изгледа вака: купуваат техничка вода од цистерни за хигиена и вода за пиење, а за да се донесе таа техничка вода во домовите, неопходни се хидрофори, кои престануваат да работат при прекин на електрична енергија. Исто така, никој не знае дали водата е бактериолошки исправна.

Претходна вест„Трезор“ ќе го задржи Мијалков во Шутка
Следна вест(ФОТО) Бетонска џунгла во Ѓорче Петров, граѓаните решени да одат до врвот на власта за да ја запрат