Туристичките агенции имаат пад на прометот од 80 до 100 проценти, интересот за патување е сведен на минимум, а реализацијата на направените аранжмани е неизвесна поради секојдневното менување на одлуките во државите поради пандемијата. Тие денеска соопштија дека доставиле три барања до Владата и најавуваат дека во вторник ќе се приклучат на протестот на угостителите.
Тие бараат: итна неповратна помош од Владата и ваучерите од кампањата „Дома си е дома“ да бидат задолжително искористени преку туристичките агенции, да се смени и одлуката за ваучерите за нереализираните патувања поради ковид -кризата, односно наместо до 31 декември годинава, важноста на овие ваучери да се продолжи до 31 декември 2022 година.
Од Комората велат дека се надевале оти 2021 година ќе биде годината на враќање во нормала, меѓутоа за жал таа е дури и полоша од претходната, особено што и од помошта од државата нема ништо засега.