Засилена контрола на возачите на моторцикли вчера извршила полицијата на целата територија на Македонија при која се изречени санкции на 128 возачи.
МВР соопшти дека најмногу санкции имало за некористење на заштитни кациги, а одземени биле и 11 мотори.
-Од санкционираните, 34 возеле без возачка дозвола, 69 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, се наведува во соопштението.
Полицијата уверува дека контролите продолжуваат и во наредните денови.