Премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши на денешната средба објавија дека има договор за државјанствата, но детали ќе се соопштат откако ќе се стави на хартија предлогот со точни правни формулации.
Но, зошто не објавуваат ниѓто од договорот во јавноста, Заев рече дека можно е тоа да предизвика различно видување во јавноста и затоа инсистираат прво да се стави на хартија.
-Решение се постигна, и не навлегувам во деталите. Има наративно усно решение, целта е да го ставиме на хартија, а денови се во прашање, само да се стави на хартија, потенцира Заев.
Ова беше трета средба на Заев со претставници на албанската опозиција – Алијанса за Албанците и Алтернатива за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како и за одблокирање на работата на Собранието.
И минатата недела беше соопштено дека има решение, па се чекаше согласност од ВМРО-ДПМНЕ да ги повлече амандманите. Откако опозицијата се согласи, сега се очекува тоа решение да го види и јавноста.
Спиред податоците кои ги кажа Заев минатата недела, се работи за околу 2.727 лица, од кои 1.500 не се родени во земјава, но имаат право на државјанство. Исто така има и околу 850 лица „фантоми“ кои се родени тука, и за нив ќе решава Управата за водење матични книги.