Непланските градби поставени во просторот само по логика да бидат поатрактивни т.е. попрофитабилни, во голема мера влијаат на згадувањето кое го трпиме со години. Не само што во голема мера влијаат на природнот струење на воздухот, создавање прашина од градилиштата носењето на нови жители ја оптоварува постоечката инфраструктура, канализациона, сообраќајна и др. па никнуваат нови депонии кои дополнително загадуваат. Немаме целосен систем за управување на отпад, немаме прочистителан станица за отпадни води, а се цртаат ДУП–ови со илјадници нови станови
На сите овие проблеми несфатливо е како имаме експанзија на носење нови ДУП-ови и постојано градење. Не можеше да се почека ни новиот ГУП – 2022 г. ниту па првичните информации од пописот. Во општина Гази Баба се во процедура истовремено 3 ДУП–а за комплексот Железара во кои имаме Г1 индустрија а која според новиот ГУП не треба да ја има. Во општина Центар, планираат да се градат нови X-катници и нов деловен простор до постоечкиот ГТЦ – во кој зјаат празни дуќани. Потреба од овие градби нема единствено има потреба од пари во општинските каси. Во Карпош се носат повторно истите ДУП–ови за кои општината се фалеше дека заедно со граѓаните ги укинале на Уставен, и за кои кога беа опозиција пополнуваа петиции и маршираа против згради. Сето ова зошто ни недостасува бетон наместо зеленило да ни го прочисти и така загадениот воздух
Тешко е да се следи процесот на носење на 1 ДУП, и покрај ветената транспарентност добро е ако навремено се дознае, зошто кога треба да се пофалат за достигнувања кои се во склоп на редовни работни обврски имаме спонзорирани известувања но за вакви важни информаци за користи законскиот минимум. Самите планови се тешки за разбирање, обично преку социјалните мрежи се трудиме меѓусебно да си ги разјасниме сите овие блокчиња со А2, А1, Б2 итн. Партиципативните тела за урбанистичко планирање се можности кои како граѓани треба да ја искористиме, за да можеме правовремено да дознаеме и влијаеме на измените кои сакаат да ги донесат. Јавните анкети и јавните презентации треба да се масовно посетени и да се даваат забелешки но не секогаш тоа вродува со плод.
Она што од досегашното делување најмногу помогнало е здружена граѓанска реакција, масовност, протести, петиции, граѓански иницијативи и референдум и постојан јавен притисок. Иако периодов имаме ограничувања во поглед на масовност и физичко присуство, мора да најдеме начин и форма со кои нема да дозволиме да бидеме неми статисти на нехуманото кроење на заедничкиот простор заради нечии ситни профитерски интереси.