Бројни прекршоци за брзо возење санкционирала полицијата во контролата кои вчера ги направила на скопските сообраќајници.
-На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77, соопшти полицијата.
Излегува дека речиси секој втор казнет возач го прекршил ограничувањето од максималните 50 километри на час.
-Изречени се и девет санкции за возење без возачка дозвола, две за недавање првенство на минување на пешаци. Има и пет санкции за користење мобилен телефон, две за непрописно престројување, три санкции за нерегистрирани возила, две за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 31 мерка за непрописно паркирани возила, соопшти МВР.