Во ковид-центрите на лекување 1.687 лица, 330 празни болнички кревети

На инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 1.687 лица, од кои 702 пациенти се лекуваат во главниот град, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во информацијата се наведува дека ома околу 330 празни болнички кревети во ковид центрите, од кои 90 во Скопје.

-Во текот на изминатото деноноќие во скопските ковид центри се хоспитализрани уште 42 пациенти поради компликации од коронавирусот. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември” имало 10 примени пациенти и седум биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле се примени две болни лица, а шест пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени шест пациенти, се наведува во информацијата.

Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на ковид-19, а на ГАК има две позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 62 болни.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 148 пациенти, во болницата во Штип 89 пациенти, на инфективното одделение во Тетово 40 пациенти, во Велес се лекуваат 86 болни, а во Куманово 99 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 114 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 36 во Кичево 35, Кавадарци 56, а во Гевгелија 24 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Претходна вестВо вторник почнува пријавувањето за субвенции за чистење оџаци – аплицирајте онлајн
Следна вест22 прекршувања на забраната за движење, 393 санкции за неносење маска