Се повеќе поединци и граѓански организации се приклучуваат на повикот да се спречи изградбата на висококатниците на паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“ и ГТЦ. Откако пред пет дена се упати повикот кој беше потпишан од вкупно 29 организации и познати личности во јавноста сега на списокот се 81 организација и поединци.
Меѓу новите потписници кои од премиерот Зоран Заев бараат поддршка на суспензија на спорниот ДУП од вчера е и архитект Мишко Ралев, кој е актуелен претседател на Асоцијација на архитекти на Македонија, но и повеќе други архитекти и јавни личности. Се потпишал и режисерот Милчо Манчевски.
Се очекува листата на потписници постојано да се зголемува.
Инаку, се уште е неизвесно што ќе се случи со реализацијата на овој ДУП. Оптринските, градската па и централната власт само си ја префрлаат топката велејќи дека – тој другиот е надлежен.
Од друга страна, во повикот на граѓанските организации и поединци, меѓу другото, се укажува дека јавниот интерес и правото на живот во здрава и чиста животна средина мора да е врвно начело на управување со државата и дека обврска на Владата е да интервенира кога е тој загрозен.
-Овој ДУП мора да ја напушти максималната изградба како основен приоритет и мора да биде и квалитативно подобар нудејќи повисоки вредности. Планот мора да води сметка за јавниот интерес, а со тоа и на заштита на животот и здравјето на граѓаните, психичкото здравје, социјализација, наместо осаменост. Со зелен простор ќе се помогне во справувањето со последиците од загадувањето, бучавата, топлотните острови и неотпорноста кон климатските промени кои со изградбата на „Скопје 2014“ се случија во центарот на градот. Иако и Градот и државата имаат стратегии и документи со кои овие прашања се третираат, нивното неспроведување ги остава граѓаните да живеат во небезбедна и нездрава средина, пишува во повикот.
Потписници се:
1.Здравје пред профит во Центар
2.Институт за комуникациски студии (ИКС)
3.Институт за демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС)
4.Македонско здружение на млади правници (МЗМП)
5.О2 ИНИЦИЈАТИВА
6. Зелен Институт Скопје
7. Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје
8. ЕКО ЛОГИК – Скопје
9. Го сакам Водно
10. Фронт 21/42
11. Национален Ромски Центар
12. Порта 3, списание за архитектура, градежништво и екологија
13. Њатер4цхангес-Глобал Схаперс Скопје Хуб
14. Еко Живот
15. Движење на екологисти на Македонија
16. Центар за правни истражувања и анализи
17. Проф. д-р Дивна Пенчиќ, Архитектонски факултет, УКИМ
18. Проф. д-р Кирил Сотировски, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ (ХЕФ), УКИМ
19. Даница Павловска – Циги, дипл. инж. архитект
20. Проф. д-р Рената Ќуштеревска, Институт за биологија, ПМФ при УКИМ
21. Проф. д-р Иван Блинков
22. Невена Георгиевска, дипл. инж. архитект
23. Доц. Д-р Златко Илијовски, дипл. инж. геолог
24. Асс. д-р Благоја Бајковски, Архитектонски факултет, УКИМ
25. Арт Поинт – Гумно
26. Центар за еколошка демократија ФЛОРОЗОН
27. Коалиција за оддржлив развој „КОР“ Скопје
28. „Во одбрана на Буњаковец“
29. Центар за истражување и креирање политики
30. „Македонска АРХитектура“ (МАРХ)
31. Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н.
32. Драгана Велковска, активистка за заштита на животни и животна средина / членка на Советот на Град Скопје
33. Проф. д-р Мишко Ралев, дипл. инж. архитект
34. Оливер Белопета, Скопски џез фестивал
35. Граѓанска асоцијација за унапредување на инклузивноста во градовите и градските простори ХУМАНИ ГРАДОВИ Скопје
36. Горјан Јовановски – АирЦаре/МојВоздух
37. Мила Димитровска, м-р архитект, Кенго Кума анд Ассоциатес
38. Никола Георгиевски, м-р арх. и м-р пејз. арх., истражувач на Школата за архитектура во Орхус, Данска
39. Граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ
40. Огнен Јанески, новинар
41. Владо Данаилов, архитект, Студио 90
42. Елена Филиповска, архитект, Студио 90
43. МИТ Универзитет – Скопје, Факултет за архитектура
44. Искра Димитрова, уметник
45. „ОдПржиноПочнува“, граѓанска иницијатива
46. Орхидеја Димова
47. М-р. Филип Дубровски, дипл. инж. архитект
48. Лилјана Дубровска, дипл. инж. архитект
49. Снежана Димитровска
50. Галина Димитрова, офталмолог
51. Здружение „ПЛОШТАД СЛОБОДА“
52. Татијана Мојсов, лингвист-германист
53. „Чист Охрид“, неформална еколошка организација
54. Милчо Манчевски, режисер
55. Ивана Групче, дипл. инж. архитект
56. Марија Христовска, дипл. инж. архитект
57. Бисера Стојанова, дипл.инж. архитект
58. Ирина Станковска, дипл.инж архитект
59. Корнелија Дуганова, дипл инж. арх.
60. Драгица Фаррен, дипл.инж.арх, Андовер, Велика Британија
61. Лилјана Котлар, м-р архитект
62. Климентина Каланоска, пејзажен архитект
63. Сања Бачевски, дипл. инж. по хортикултура
64. Кристина Тодороска Петреска, драматург, Народен театар – Охрид
65. Дејан Петрески, илустратор, фриленсер
66. Цитѕ Сцопе Скопје, граѓанско здружение
67. Јелена Хол, м-р арх., Швајцарија
68. Ена Савева, архитект
69. доц. д-р Бисера Станкова, Филолошки факултет ,,Блаже Конески”, УКИМ
70. ЕкоКарпош 3 2 1
71. Татјана Де Груд-Трајковска, архитект, Холандија
72. М-р Ели Аиноска, ликовен уметник
73. Славица Макаровска, архитект
74. Иво Петровски, драматург
75. Тања Каловска Роуссоу, политиколог и граѓански активист, Холандија
76. Анастасија Николовска, м-р архитект
77. Граѓанска иницијатива „Ние сме Карпош 4“
78. Проф.д-р Владимир Радевски, Универзитет на Југоисточна Европа
79. „На точак“ – група граѓани за подобро велосипедско Скопје,
80. Проф. д-р Слободан Велевски, Архитектонски факултет, УКИМ
81. Архитект Бесиан Мехмети, член на УО на ААМ