Три лица обвинети за употреба на фалсификувани ПЦР тестови

За кривично дело фалсификување исправа ќе одговараат три лица откако Јавно обвинителство Скопје покрена обвинение против нив.

 -Во различни кривично-правни настани на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетите употребиле лажни исправи – фалсификувани потврди за негативни ПЦР тестови за САРС-ЦоВ-2 вирусот. Иако знаеле дека не се тестирале во наведените лаборатории, при обид да ја напуштат државата со авионски лет од Скопје, тие ги презентирале потврдите како вистинити, но биле откриени од овластени службени лица, се наведува во соопштнието на Јавното обвинителство.

Претходна вестДраган Бајиќ нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација
Следна вестВо Скопје нови 48 хоспитализирани со ковид, во цела држава вкупно во болница се 1.663 лица