Нови 627 заразени, 47 починати – 15 се од март во приватна клиника која денеска ги пријавила

Во изминатите 24 часа регистрирани се 627 нови случаи со ковид во Македонија од направени 2.865 тестови. Но затоа бројката на починати што е заведена како денешна статистика е прилично висока – 47.

Но, од Министерството за здравство појаснуваат дека 15 од нив се лица починати во март во една приватна клиника кои се пријавени денеска.

Од нив 22 лица се од Скопје (45г, 52г , 57г, 58г, 60г, 61г, 62г, 63г, 63г, 65г, 68г, 68г, 69г, 76г, 77г, 81г, 82г, 82г, 82г, 82г, 83г и 89г), 3 починати лица од Берово (71г, 72г, и 78г), по 2 од Кавадарци (61г, и 82г), Битола (53г и 73г), Прилеп (58г и 78г), Куманово (45г и 66г), Тетово (72г и 78г), Радовиш (60г и 70г), Струга (68г и 92г) и Охрид (49г и 72г) и по 1 лице е пријавено од Велес (83г), Неготино (80г), Штип (83г), Струмица (79г), Кочани (44г) и Кичево (70г).

Од новите 627 случаи на ковид-19 во Скопје се 218, Битола – 66, Куманово – 54, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Тетово – 20, Велес – 19, Штип – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Кичево – по 15, Кочани – 13, Гевгелија – 12, Свети Николе и Берово – по 9, Струга – 8, Дебар – 7, Ресен и Виница – по 6, Валандово – 5, Неготино, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 4, Крива Паланка, Кратово и Македонски Брод – по 3, Богданци и Македонска Каменица – по 2.

Регистрирани се 765 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148.618, бројката на оздравени пациенти е 125.593, на починати е 4.556, а бројот на активни случаи изнесува 18.469, од кои 8.209 во Скопје.

Претходна вестНовомаалци со петиција до Владата: Да се гради или ќе одиме на протест
Следна вестРашковски во 30 дневен притвор – прифатена жалбата на Обвинителството