Грција по повеќемесечен карантин ги отвора трговските центри – но само со најава

Во Грција повторно се отвораат трговските центри и моловите, но под истите правила под кои работи и малопродажбата.

Тоа значи дека за секоја посета на продавница мора да има претходно закажан термин или подигнување на направена нарачка, а задолжително е и испраќање смс порака, со времетраење од три часа за шопинг.

Угостителските објекти ќе почнат да работат само во надворешните делови од 3 мај.

Масите ќе треба да бидат на растојание од 0,9 до 1,8 метар, во зависност од поставеноста на столчињата, дозволени се до шест лица на една маса, само седнати, забрането е стоење, на масите задолжително треба да има антисептик, а угостителските објекти ќе работат до 23 часот.

Од понеделник еднаш неделно вработените во јавните служби, но и за свештените лица, поповите и останатиот црквен персонал ќе мора задолжително да прават бези тестови за домашна употреба, со што ќе контролираат дали се заразени.

Претходна вестВозачите возат пребрзо и без дозвола, ама и пешаците не почитуваат правила – 143 казни во Скопје за еден ден
Следна вестПратениците се враќаат во старата сала за седници кон крај на мај?