Сè уште е рано за да се знае како ќе започне новата учебна година од септември. Начинот на кој ќе се одвива новата учебна година, ќе зависи и од епидемиолошката состојба и ставовите на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, вели министерката за образование и наука Мила Царовска.
-И наредната година ќе одиме со безбеден пристап, кој и како ќе биде, јавноста ќе биде информирана. Да ја завршиме соодветно и безбедно оваа учебна година, да ја спроведеме матурата и понатаму да донесеме одлука на кој начин ќе почнеме од 1 септември, изјави Царовска.