Починат маж пронајден во водите на Вардар

Во претпладневните часови на 24 април во скопската полиција било пријавено дека во селото Огњанци, во водите на реката Вардар, било пронајдено тело, најверојатно на машко лице.

Како што информираат од МВР, телото било извадено од реката и предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Претходна вестФК Шкендија по четврти пат стана шампион на Македонија
Следна вестВо Грција потврдени два случаја со индискиот сој на коронавирус