Ќе почнува ли полицискиот час во 21 часот?

Можно е одредено намалување на важечките рестриктивни мерки против ширењето на корона вирусот на денешната седница на Комисијата за заразни заболувања. Дали ова значи дека полицискиот час ќе започнува еден час подоцна, наместо од 20 да започнува од 21 час и ќе трае до 05 часот изутрина, како и да се дозволи работа на терасите на угостителските објекти останува да се види. Се размислува и да се дозволи организирање спортски тренинзи од страна на фитнес центри/клубови на отворен простор, наместо во затворена спортска вежбална/сала, како и други мерки во зависност од епидемиолошките текови и состојби во државата.

Членовите на Комисијата денеска ќе направат проценка дали ваквото олабавување на превентивните мерки нема да го загрози позитивниот тренд со намалување на бројот на новоинфицираните лица. Здравствените власти во последнава недела потенцираа дека бројот на новозаразените се намалува, односно епидемиолошката крива оди во надолна линија, но дека се уште е голем притисокот во болниците иако и бројот на новохоспитализирани е помал. Ова  е од причина што, како што велат, заради подолгото лекување на пациентите.

Во случај да се донесат нови превентивни мерки се очекува тие да важат до 15 мај.

Доколку се прифатат вакви превентивни мерки тоа ќе значи дека граѓаните, како и лани, така и за овој Велигден нема да можат да присуствуваат на велигденска богослужба во сабота на полноќ. Односно, верските потреби ќе можат да ги задоволат само во текот на денот.

Претходна вестПретпладне сончево со малку облаци, попладне облаците ќе се намножат
Следна вестШто порача здружениот народ на протестот?