За Велигден и Рамазан без полициски час

За Велигден и за Рамазан да нема полициски час, предлага Комисијата за заразни болести. Тоа би значело дека полициски час нема да има овој викенд сабота кон недела и меѓу 11 и 12 мај.

Како што соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, другите олабавувања на мерките се полицискиот час да биде од 21 часот во останатите денови (освен за Велигден и Рамазан) и да се отворат летните тераси на кафулињата и рестораните, кои ќе може да работат до 20, односно до 20:30 часот.

Препораките од Комисијата се поради намалувањето на бројот на новозаразени и на хоспитализирани во изминатиот период. Мерките би биле на сила до завршување на празниците, по што повторно ќе се направи анализа.

На пршањето, зошто за празниците кога има најголем број групирања се олабавуваат целосно мерките, Филипче рече дека верските лидери презеле одговорност да не се дозволат масовни собири, а и самите граѓани треба да преземат одговорност.

За препораките ќе расправа Владата на утрешната седница.

Претходна вестЧетири лица повредени при судир на возило и мотоцикл на ул. „Перо Наков“
Следна вестСе затвораат два ковид – оддели, се намалуваа бројот на хоспитализирани со ковид