Сите граѓани кои се вакцинирани во Србија со кој било тип на вакцина, освен со „Астра Зенека“, ќе можат да се ревакцинираат кај нас, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Но, за помладите од 60 години кои добиле прва доза од „Астра Зенека“ засега нема препорака да се ревакцинираат. Во таа смисла препораката е да не се прима втората доза на вакцина на „Астра Зенека“.
-Нашата одлука е да не се вакцинираат граѓани под 60 години со вакцината на „Астра Зенека“, рече Филипче, додавајќи дека во периодот што следи очекува да има јасен став и за оваа категорија на граѓани.
Во моментовв кај нас приоритет за вакцинација се оние граѓани коишто се веќе пријавени и врз основа на тоа се прави и прераспределбата на вакцините.
Денеска стигнуваат и 10.000 вакцини од „Фајзер“ преку директен договор, при што секој понеделник ќе стигнуваат меѓу 4.000 до 7.000 вакцини, односно вкупно 26.000.
Околу 200.000 вакцини треба да дојдат од Кина на крај на овој месец, а во мај се очекува дополнителна голема количина од 500 000 вакцини на „Синовак“, кои ќе овозможаат соодветно снабдување на сите пунктови за масновна вакцинација.
Се уште нема конкретен одговор за втората количина на „Астра Зенека“ преку Ковакс и од руските вакцини.