МОН го демнатира Милошоски: Законот за учебници е вратен само за да се дополни

Не се откажуваме од нов закон за учебници, граѓаните да не подлегнуваат на лаги и политички манипулации, реагира денеска Министерството за образование. МОН ја демантира објавата на пратеникот Антонио Милошоски кој утрово на ФБ објави дека од собраниска процедура повлечен е Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование.

-Граѓаните да не подлегнуваат на груби лаги и политички манипулации. МОН не се откажува од носењето на целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и се нуди можност за дигитализација. Ги повикуваме граѓаните и родителите да не подлегнуваат на грубите лаги и политички манипулации пласирани во јавност од страна на пратеници од опозицијата, информираат од МОН, додавајќи дека законот е вратен само за да се дополни, по што веднаш ќе биде доставен до Собрание.

– Во интерес на објективно и вистинито информирање на јавноста по координација со Секретаријатот за европски прашања Законот е вратен за да се дополни само делот за усогласување со европските документи, како дел од процесот на усогласување на националното со европското законодавство. Законот денес е на дневен ред на Влада, по што ќе биде доставен до Собранието, соопштија од МОН.

Претходна вестИма ли и други „Стојковци“ во Заевото друштво?
Следна вестЗаев: За Пауновски ќе пресече Владата, има плејада опции за разрешување, но и за останувања