Кинеските вакцини утре тргнуваат на долг пат: Пекинг-Истанбул-Белград-Скопје

Според последната информација од вчера, кинеските вакцини утре треба да тргнат од Пекинг кон Истанбул, на 30-ти од Истанбул во Белград и оттука најверојатно или на  30-ти вечерта или на 1 мај со специјални камиони ладен ланец ќе пристигнат во Скопје, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Уште истиот или евентуално следниот ден, според пријавувањето и бројката, тие ќе се дистрибуираат во сите пунктови за масовна вакцинација во државата, процес што ќе започне во вторник, по празниците.

Според податоците на Министерството за здравство, досега се вакцинирани околу 53 000 граѓани.

Претходна вестНови 50 примени во болница во Скопје со компликации од ковид
Следна вестМицкоски за 27 април: Судска, а не политичка пресуда за осудените