Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска објави фотографии од тоа како изгледа Кејот на Скопје.
Според она што се гледа на нив реконструкцијата е во тек, се поплочува целата површина по должината каде се наоѓаат кафулињата и рестораните од задната страна на ГТЦ, каде што беа нивните тераси и која претходно беше како прекриена со искршени плочки.
Од Градот велат дека вака и ќе остане за да служи како шеталиште со средишен дрворед.
Сменета е подземната инфраструктура, а во моментов се работи на поплочување, кое се очекува да заврши до втората половина на јуни, на почетокот на летото.
Според она што е објавено, проектот чини 88,6 милиони денари од Буџетот на Градот. Ќе се добие ново поплочување, патека за лицата со инвалидитет, високо зеленило – дрворед, клупи, смарт клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и електрични столбови за да се спречи паркирање и движење по кејот „13 Ноември“ со автомобили.
Кафулињата повторно ќе имаат тераси, но ќе бидат унифицирани и поставени на начин што нема да пречи на дрворедот.
Убаво. Штета што не се направи порано и да се надеваме дека овој пат ќе се заштити од возила оти до сега секој кој посакаше си возеше по кејот.