Полициска акција во која се уапсени повеќе лица поврзани со трговија со оружје и дрога е спроведена утринава во скопско Арачиново. За неа преку Фејсбук информира и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Утрово полициска акција во врска со недозволена трговија со оружје и дрога. По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице од Св. Николе, напиша во објавата Спасовски.
Од МВР најавуваат детали детали по завршувањето на акцијата.
Ова е една од низата полициски акции спроведени во последниот период.