На Централниот плоштад има фалинки каде и да се свртиш. Тотално е запуштен: опкружен со недовршени згради, со многу грди тараби-огради околу, а сега пак и голема дупка зјае на подната фонтана во која пропадна комунално камиоче …
И кога ќе помислиш дека барем сега на топлото време украс ќе бидат разлистените дрвца, ете ти и таму фалинка.
Две дрвца исушени стојат едно до друго во дрворедот. И така е две години.
Двајцата градоналаници, тој на Град Скопје и тој на Општина Центар, што чекаат? Што не ги отстранат и посадат нови? Да споменуваме ли дека и од другата страна на плоштадот – на дрворедот има исушено уште 2 – 3 такви дрвца?
Да потсетиме: градоначалникот Петре Шилегов ветуваше дека Скопје за време на неговото градоначалствување ќе стане зелен град. Ветуваше и полн сјај на центарот на градот, ветуваше и…