Вкупно 144 возачи се казнети проади пребрзо возење во текот на зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Куманово и магистралниот пат Арачиново-Куманово, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Од вкупно 144 санкционирани возачи, 84 се движеле со брзина над дозволената надвор од населено место, а 60 возила се движеле со брзина поголема од дозволената во населено место.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.