Полицискиот час синоќа го прекршиле 70 лица

Дури 70 лица синоќа го прекршиле полицискиот час, соопшти МВР.

Од средата, забраната за движење почнува од 21 часот навечер, до 5 наутро.

Вечерва поради големиот христијански празник Велигден нема да има полициски час на целата територија.

Во однос, пак, на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 553 прекршоци во изминатото деноноќие.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19.

Претходна вестЗапечатена кафеана во Чаир во која имало 15 гости и покрај забраната
Следна вестЧовечки фактор најверојатна причина за пожарот кај Беровското езеро