Девет лица приведени во полиција, седеле во кафана во 22 часот

Полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 9 лица, кои биле затекнати во угосителски објект на ул. „Отокар Кершовани“ на Бит Пазар.

Настанот се случил пред два дена, а контролата била извршена во 22.20 часот. Со полицијата биле и инспектори од Државен пазарен инспекторат.

Деветмината се приведени во полициска станица за понатамошно постапување, а објектот е затворен и пломбиран од страна на Државен пазарен инспекторат.

Претходна вестДизелот поскапува за половина денар, бензините остануваат исто
Следна вестПендаровски и Заев преку Фејсбук се поклонија на Гоце Делчев