Градот Скопје во соработка со Општина Кисела Вода денеска почна акција за расчистување голема дива депонија во Драчево.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов рече дека депонијата била создавана изминатиот период и апелира до граѓаните да ја чуваат животната средина и да не создаваат диви депонии.
Најави дека институциите ќе продолжт со чистење, но и со засилен инспекциски надзор.