Еврокомесарот за пропирување Оливер Вархеји и австриската сојузна министерка за ЕУ и Устав Каролине Едштадлер, денеска во земјава донесоа 4.860 доз од вакцината против ковид на „Фајзер“ кои преку Австрија ги донира ЕУ за земјите од Западен Балкан.
-Конечно успеавме да обезбедиме вакцини. Ова не беше лесно и работевме многу со австриската влада за ова да се случи и да ви покажеме дека се грижиме. Ќе продолжиме да се грижиме за Западен Балкан. Се надеваме дека ќе успееме и да ви помогнеме и да ја завршите вакцинацијата. Ова е подарок за нацијата за да победи пандемијата што е можно побрзо, рече Вархеји.
Ова е прва пратка, а до крајот на месецот ќе пристигне и вкупната количина од 19.890 дози. Се работи за ваакцини кои доаѓаат преку „Тим Европа“ на ЕУ, кој е систем за колективна поддршка и солидарност на ЕУ кон државите – партнери во битката со пандемијата.
Премиерот Зоран Зае најавии дека до крајот на август ќе стигнат 120.000 вакцини преку овој систем.
Министерот за здравство Венко Филипче и министерката Едштадлер разговарале и за сертификатите кои граѓаните треба да ги добијат по примањето на две вакцини за непречено движење надвор од границите. Заклучокот е дека сертификатот ќе биде предмет на взаемно договарање на двете земји, без ограничување со типот на вакцините.