Од утре полициски час од 23 часот, кафеаните отворени до 22:30

Од утре, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден, а угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.

Ваква одлука вечерва донесе Владата на денешната седница.

Исто така на предлог на Комисијата за заразни болестисе воведува задолжителен карантин од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил.

Претходна вестУште утре малку дожд, потоа следува стабилно и топло време
Следна вестКафулињата работат до 22.30: отворени тераси не се најлонски тенди, а растојание не е да си залепен до другиот без маска!