Сега е рано за отворање на фитнес – салите, следната недела нови олеснувања

Од следната недела се очекува попуштање на рестриктивните мерки ако трендот на намалување на заразените продолжи да опаѓа, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој ги демантира обвинувањата дека одлуката за скратување на полицискиот час, која стапува во сила од денеска, е политичка, донесена без консултации со Комисијата за заразни болести. Тој тврди дека состанок имало вчера, но за време на празниците имале телефонски разговори.

Тој открива дека имало и други барања, како на пример за отворање на фитнес-сали или зголемување на бројот на деца во градинките, но за тоа Комисијата смета дека е сѐ уште рано.

Од вечерва, наместо во 21, полицискиот час почнува во 23 часот, а ќе трае до 5 часот наутро. Оваа мерка ќе биде во сила до 15 мај.

Претходна вестБројката на хоспитализирани со ковид секојдневно се намалува, стигна до вкупно 1.012
Следна вестКовид во 24 часа: 24 починати и 323 нови заразени