Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 925 и има околу 800 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Вкупно 398 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Дома се пуштени 62 оздравени пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ внатрешноста на земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 527 пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот.