Бројката на заразени се намали на 324, но на починати и натаму висока – 26 за 24 часа

Во последните 24 часа регистрирани се 26 починати лица од компликации од ковид и 324 нови заразени. Од починатите, 8 се од Скопје (52г,59г,63г,66г,71г,77г,80г и 83г), по 2 починати лица од Куманово (77г и 86г), Прилеп (73г и 83г) и Гостивар (62г и 69г) и по 1 починато лице од Велес (78г), Кавадарци (75г), Охрид (73г), Штип (67г), Струмица (65г), Кочани (68г), Кичево (71г), Ресен (77г), Радовиш (65г), Берово (75г), Делчево (57г) и Валандово (72г).

Од пријавените, 24 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.

Направени се 2.660 тестирања, а регистрирани се 324 нови случаи во: Скопје – 110, Куманово – 44, Охрид – 18, Струмица – 17, Прилеп и Тетово– 13, Штип – 11, Битола, Велес и Кичево – по 10, Свети Николе – 9, Кочани и Виница – по 8, Радовиш –6, Гостивар и Дебар – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Берово и Делчево – по 2, Пробиштип, Валандово и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 1 178 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.461, бројката на оздравени пациенти е 136.545, на починати е 5.042, а бројот на активни случаи изнесува 11.874, од кои 5.445 се во Скопје.

Претходна вестАнтикорупциската комисија пак предупреди дека в.д. директори се именуваат без конкурси
Следна вестАнтикорупционерите отворија предмет за противпожарната скала набавена од Шилегов