Градот Скопје го затвори јавниот повик за субвенционирање на набавката на велосипеди од страна на граѓаните откако се исцрпеа предвидените средства.
-Јавниот повик беше објавен на 19 април 2021 година и аплицирањето се одвиваше онлајн, на линк објавен од Град Скопје. Од објавувањето на јавниот повик досега аплицирале 3.057 граѓани и со тоа, предвидените финансиски средства се исцрпени. Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипеди се предвидени 8,5 милиони денари, се наведува во денешното соопштение на Градот Скопје.
Во изминатите три години, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед.
Да се надеваме дека градските и општинските власти ќе вложуваат и во подобрување на велосипедската инфраструктура во Скопје.