Предлог: Полициски час да почнува на полноќ, теретаните да почнат со работа…

Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги предложив на Главниот координативен кризен штаб. Истите се донесени врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата, соопшти денеска министерот за здравство преку Фејсбук.

-Да се скрати рестрикцијата на движење, односно полицискиот час да трае од 24 часот до 05 часот наутро. Угостителските објекти да работат до 23:30 часот, да се укине забраната за работа на фитнес центрите и теретаните. Организирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 отсто од целосниот капацитет. Капацитетот на градинките се зголемува на + 5 дечиња, односно од 15 на 20 деца во група. Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и новите годишни одмори, објави Филипче.

Се очекува овие мерки, кои ќе важат од 12 мај, да бидат усвоени на утрешната владина седница откако за нив позитивно се изјасни и Главниот координативен кризен штаб.

Претходна вестИзложба „Слики“ на Стефан Младеновски во „Јадро“ отворена до 18 мај
Следна вестКазнети 282 моторџии, 51 немал дозвола, 169 немале кацига…