Следната недела ќе се собира кабастиот отпад во Аеродром

Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“ организираат акција за собирање кабаст отпад на територијата на општина Аеродром. Контејнери ќе бидат поставени на четири локации во текот на следната недела, од 18 мај (вторник) до 22 мај (сабота).

Граѓаните ќе може да ги оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема на следниве локации: Јане Сандански (АСНОМ бр. 68), во Стар Аеродром на улиците Коста Новаковиќ бр. 48, Владимир Комаров бр. 29 и во Ново Лисиче на Видео Смилевски – Бато бр. 19 и на булеварот АСНОМ бр. 5 кај „Рамстор“.

Претходна вестБензините поскапуваат
Следна вестМаските остануваат задолжителна заштита, засега нема свадби и концерти