Епидемиолишката состојба се подобрува, но рано е да се повлечат сите мерки.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека рано е да дозволи одржување на свадби и организирање на концертиЗасега дозволено е да се одржуваат настави како состаноци, едукативни курсеви и слично.
-Стравуваме дека може да се намали дистанцата меѓу луѓето кои се присутни. И затоа постепено одиме кон ублажување на мерките. Ако продолжат трендовите ќе бидат дозволени и концертите, рече Филипче.
Засега не е можно ниту носењето маски да не важи за лицата кои се целосно вакцинирани.
-Разговаравме утрово на Комисијата за заразни болести и заклучивме дека препораката за носење маска треба и натаму да се почитува. Бевме сведоци дека голем број на граѓани маските не ги носат за време на викендот. Сè уште е рано да ја симнеме таа одлука. Веројатно ќе дојде до поништување на мерката, но сега е рано да се каже кога ќе кажеме да не се носат маските. Засега е рано, тоа ќе биде нешто следно за што ќе разговараме, рече Филипче.