Завчера пребрзо возел секој трет казнет возач, вчера секој втор…

Казните што ги изрекува скопската сообраќајна полиција, се чини, како да претставуваат стимул за несовесните возачи уште повеќе да ја прекршуваат обврската за почитување на ограничувањето на брзината. Тоа го покажуваат и податоците за изминативе два дена. Така, на пример, завчера на скопското подрачје вкупно биле изречени 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции. Односно, секој трет казнет возач бил санкциониран за овој прекршок.

Вчера, пак, резултатот е уште попоразителен.

-На територијата на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции, информира МВР.

Односно, речиси секој втор казнет возач возел пребрзо!? Значи ли ова дека казните имаат целосно спротивно дејство или се работи за викнед-опуштање на скопските возачи?

-Изречени се и пет мерки за возење без возачка дозвола, осум прекршоци што ги чинат пешаците, пет санкции за користење мобилен телефон, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 51 санкција за непрописно паркирање, се наведува во информацијата.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Претходна вестВо ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти
Следна вест32 лица ја прекршиле забраната за движење