Oд полноќ пониски цени на еуросупер БС-95 и на мазутот

Од полноќ, малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар, додека оние на бензинот еуросупер БС-98, еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од пред една недела.

Исто така. се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,647 ден/кг и сега ќе изнесува 34,596 ден/кг.

Според оваа одлука на Регултоорната комисија за енергетија. од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 68,00 (денари/литар)

Моторен бензин еуросупер БС -98 70,00 (денари/литар)

Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 34,596 (денари/килограм)

Бидејќи се работи за максимални цени на нафтените деривати, трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Претходна вестРаздор во ДОМ, Ана Петровска најавува битка за докажување дека се работи нестатутарно
Следна вестМалолетничка од Скопје насилно однесена во Тетово – успеала да пријави во полиција