Две лица, од Скопје на 67 години и од Кавадарци на 80 години починале во изминатите 24 часа како последица од ковид. Во последните 24 часа во Македонија се направени 2.704 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи од Скопје – 40, Прилеп – 8, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Радовиш – по 5, Битола – 3, Струга и Кичево – по 2, Кавадарци, Струмица, Свети Николе, Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 259 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.804, бројката на оздравени пациенти е 146.302, на починати е 5.232, а бројот на активни случаи изнесува 3.270, од кои 1.312 се од Скопје.