Дали евентуалните постапки на антикорупционерите кон Богдановиќ имаат моќ да го спречат планот кај „Холидеј ин“?

12 работни дена е рокот за доизработка на елаборатите за суспензија на планот за изградба на кулите кај „Холидеј ин“, за кои градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ, рече дека не биле потполни и затоа не ги испратиле во Министерството за транспорт и врски. Во меѓувреме жителите на Центар не веруваат дека градењето на висококатниците ќе се спречи.

Додека се чека елаборатот да биде испратен, Богдановиќ сега ја става во центарот на вниманието Антикорупциската комисија, и ги предизвикува да отворат што повеќе предмети против него ако сметаат дека има основ.

– До нас се дојдени одредни иницијативи, претставки, поведени се одредени постаки од Антикорупциската комисија како што рековте. Не сум слушнал дека некој предмет е отворен или пак се најавува. Напротив, јас ги охрабрувам да покренат што е можно повеќе предмети, бидеќи доаѓаме до една ситуација каде што општината три години менува нешто и прави и цело време апелира дека некој претходно донел планови кои што предизвикуваат правни дејствија и дури некој се сетил да отвори некакви постапки. Ги охрабрувам и ние сите расположливи документи ги имаме доставено до Обвинителство, Антикорупциска и финансова полиција. Доколку утврдат какво било прекршување и штета, а тоа се докаже и во обвинителниот акт и судот го потврди тоа, уште поголем аргумент е и на друг начин да може да се суспендира, рече Богдановиќ.

Дали Антикорупциска или пак елаборатите за суспензија ќе успеат да ја стопираат градбата која, според сите експерти и архитекти не би смеела да никне на паркингот спроти „Холидеј ин“? Остануваат уште 9 работни дена по кои ќе се знае дали е поважен гласот на стручњаците и граѓаните или на градежните моќници.

Претходна вестОградите не се доволни – да се направи Кинески ѕид кај Зелено пазарче
Следна вестЗошто порано немаше дебата за законот за легализација на дивоградбите?