Две лица на возраст од 40 и 43 години, родители им се заканувале нна полицајци кои побарале да го летитимираат нивното дете ое не носело маска.
Нстанот се случил минатата недела на пазараот во Битола.
Како што соопшти ОЈО, двајца полициски службеници се обиделе да легитимираат лице кое не носело лична заштита на лицето, кое одбило, по што дошле неговите родители кои почнале да им се закануваат на полициските службеници.
Основното јавно обвинителство – Битола поднесе предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител за двајцата обвинети предложи Судот да изрече условна осуда со утврдување на казна затвор од по три месеци која нема да се изврши доколку тие не сторат ново кривично дело во рок од една година.