Тешка битка помеѓу зеленилото и бетонот во Аеродром, кој ќе победи?

Дворот на основното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром од денеска го красат 200 нови садници поставени во вид на жива ограда. Освен естетската тие ќе имаат и еколошка функција бидејќи ќе ги намалуваат штетните влијанија од сообраќајот од улицата „Васко Карангелески“ со која се граничи ова училиште.

Убаво е да се види дека се размислува и делува во правец на зелен и поздрав Аеродром. Но, за жал во истата оваа општина блиску од училиштето и во овој период се сечат големи и раскошни дрвја. Се продолжи и со уривање на стари објекти со цел да се изградат нови висококатници.

Едноставно, борбата на зеленилото и бетонот продолжува. Кој ќе победи многу зависи од сегашниот градоначалник и општинската администрација. Зависеше и од претходниот градоначалник и Советот кога се правеа многу ДУП-ови… 

Борбата ќе има уште многу рунди, засега во многу делови од Аеродром зеленилото веќе сериозно губи, а некаде е и нокаутирано.

Инаку, денешните садници се донација од Прокредит банка во рамките на нивната општествено -одговорно кампања „Се грижам, дејствувам, менувам“.

Претходна вестРодители им се заканувале на полицајци кои им го легитимирале детето што не носело маска
Следна вестОбвинение на струшкиот гинеколог Асани, но за дивата ординација, а не за родилката од Дебар