Обвинение на струшкиот гинеколог Асани, но за дивата ординација, а не за родилката од Дебар

Струшкото основното јавно обвинителство денеска достави обвинение против 54-годишниот гинеколог Мухамед Асани од Струга за сторено кривичното дело – давање здравствени услуги без дозвола за работа.

Тој во просторија во неговата семејна куќа имал ординација која не била регистрирана и означена, односно од 2013 до 2020 година водел бременост на повеќе пациентки, за што наплаќал по 1.000 денари од пациентките за што не издавал никаков доказ.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат по контролата на 16 јануари лани му врачил Решение за забрана за работа.

Инаку, Мухамед Асани беше поранешен директор на струшката болница, кој беше разрешен поради случајот со родилката од Дебар, која при породувањето во Струга остана без бубрег, матка и јајник.

Претходна вестТешка битка помеѓу зеленилото и бетонот во Аеродром, кој ќе победи?
Следна вестРечиси ист број на починати и на нови заразени за 24 часа