И директорот на Македонски Железници во Џејмс Бонд филм, со наши пари си купи автомобил „агент 007“

Дел од македонските функционери се сериозно зафатени од т.н. зараза да се биде Џејмс Бонд. Откако двајцата први луѓе на Фондот за здравствено осигурување набавија службена „Форд Мондео Титаниум“, популарна меѓу фановите како „агент 007“, сега и директорот на Македонски железници – Транспорт, Аднан Азизи, си купил иста таква.

Претходно директорот и заменик директорот на ФЗО, Стево Крстевски и Фатон Ахмети потрошија околу 80 илјади евра народни пари за истата, а пред медиумите се правдаа дека баш таква им била неопходна.

Додека директорот на Железници – Транспорт со народни пари си купи филмски автомобил, препријатието што го води во 2021 ќе направи голема загуба, а според бизнис-планот на ова акционерско друштво во државна сопственост, таа ќе изнесува 469.582.000 денари. Претпријатието за железнички транспорт на стока и патници веќе е најголем должник и минатата година ја заврши со долг од 58,4 милиони евра.

Во меѓувреме граѓаните остануваат без работа заради ковид кризата, и не знаат како да го преживеат месецот, а згора на тоа, ни се заканува покачување на струјата – повторно ударот е врз граѓаните. Како два паралелни светови, во едниот функционерите се во Џејмс Бонд филм, а во другиот народот кој одвај крпи крај со крај.

И така наместо на директорот да му биде приоритет модернизација на железницата, оти останавме на ниво на минатиот век, тој си одбрал личен луксуз. До кога вака?

Претходна вестОдбојкарите го победија Кипар и го потврдија првото место
Следна вестПроменливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд