Не стигнаа ветените руски вакцини, ќе се бара информација од Амбасадата

Руските вакцини Спутник В, кои требало да стигнат во земјава до крајот на мај, не стигнале, па здравствените власти очекуваат информација од Амбасадата на Руската Федерација во врска со дистрибуцијата. Во првите десетина дена од јуни, како што беше најавено и вчера, се очекуваат и кинеските од „Синовак“.

Министерот за здравство Венко Филипче тврди дека имунизацијата нема да запре посочувајќи ги најавените донации од Бугарија и Грција, како и количините од „Фајзер“ (преку ЕУ и од директниот договор со компанијата) кои пристигнуваат на неделно ниво.

Најавените донации од 70.000 (50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција) најверојатно ќе бидат вакцини на „Астра Зенека“, а министерот тврди овие вакцини сепак ќе се искористат зашто сè уште има граѓаните над 60 години кои не се вакцинирани.

Претходна вестИнвестициски план или план за стечај на Македонија?
Следна вестВкупно во земјава во болница има 183 пациенти со ковид, во Скопје нови 9