Авиокомпанијата Виз ер денеска објави дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома.
Земји во кои Виз ер повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска. Уште еднаш, стои во соопштението од авиокомпанијата, Виз ер ја докажува својата заложба и повторно ги поврзува Северна Македонија со Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе / Баден-Баден и Малме.
Поради пандемијата во текот на минатата година авиокомпаниите ги намалија летовите, но со тековниот летен ред на летање повторно ги враќаат. Првиот од обновените летови беше на 23 мај.