Само четири нови пациенти со ковид примени во болниците во Скопје

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 164 и има околу 490 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 65 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ немало  примени пациенти, 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 99 пациенти.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид- пациенти.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Дали газдата на пропаднатата „СВ Инвест“, поврзуван со Вице Заев, е избеган во САД?
Следна вестДИК со нов тендер ја поправа грешката за апаратите за отисок од прст